Утрински Весник
Македонија

Одземени околу 900 парчиња петарди при контрола во Стар Дојран

Одземени околу 900 парчиња петарди при контрола во Стар Дојран

По претходно преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Гевгелија со претставници на Државен пазарен инспектор денеска извршиле контрола во продажен објект во с.Фурка, општина Стар Дојран.

При контролата во објектот биле пронајдени и одземени околу 900 парчиња петарди и поголем број други разновидни пиротехнички средства.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Тошковски до младите: „Животот нема рестарт – оружјето не е игра” – национална кампања против злоупотреба на мало и лесно оружје

За 24 часа уапсени пет лица за семејно насилство

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес