Утрински Весник
Македонија

Одбележани 76 години од загинувањето на Кузман Јосифовски – Питу

Одбележани 76 години од загинувањето на Кузман Јосифовски – Питу

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Претставници на Сојузот на борци, здруженија на пензионери, политички партии и граѓански организации, денеска пред спомен обележјето во Козле одбележа 76 години од загинувањето на народниот херој Кузман Јосифовски – Питу.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев.

– Драго ми е што за делото на Кузман се изучува постојано. Затоа што патриотизам е да се сеќаваш и да го вреднуваш минатото, но и да одиш напред. Ако народните херои се бореле за наша слобода и независност, денеска, нашиот влог е во развивањето и напредокот на државата, а за нас денес тоа е Северна Македонија како членка на НАТО и на Европската унија и младина која добива шанса за просперитет тука, во сопствената држава. Тоа се генерациите кои ќе се карактеризираат со космополитски дух и отвореност, а нема да тонат во сиромаштија и популизам, рече Богоев.

Пред граѓаните говореше и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. Таа се осврна на животот на Кузман, кажувајќи дека иако живеел само 29 години, со својата мисија и делување, оставил аманет за многу сегашни и идни генерации.

Младите учат и го почитуваат ликот и делото на народниот херој. Потврда за ова беа литературните читања од

Ученици од реонското училиште „Владо Тасевски“, пак, преку читање стихотворби и раскази потсетија на вредностите за кои се залагал народниот херој: борбеност, слобода, и правда.

Во знак на сеќавање, делегации од сите институции и организации, положија цвеќе пред спомен обележјето на Кузман Јосифовски – Питу.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути