Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Огромна акција против детска порнографија во Германија

Огромна акција против детска порнографија во Германија
300x250 opst2

Полиција претресе над 50 згради во Германија, а акцијата беше насочена против корисниците на интернет платформи на кои се шири детска порнографија.

„Ова е досега најголемата координирана акција против детска порнографија во Баварија“, рече министерот за правда на Баварија, Георг Ајзенах.

Покрај Баварија, претреси беа извршени и во Долна Саксонија и Баден-Вуртемберг.

Вкупно 51 лице е осомничено за поседување и дистрибуција на детска порнографија, како и за обид за контакт со малолетни лица преку Интернет со намера сексуално искористување.

„Сторителите доаѓаат од сите возрасни групи, занимања и социјални слоеви“, рече Ајзенах.

Запленето е големо количество паметни телефони, компјутери и носачи на податоци, во акцијата во која учествувале 213 полицајци.

Оваа недела во Германија веќе се случи голема операција против глобалниот ланец педофили, при што беа уапсени три лица.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите