Утрински Весник
Македонија

ОВР Кичево со превентивна кампања за почитување на безбедносните мерки за заштита од Ковид-19

ОВР Кичево со превентивна кампања за почитување на безбедносните мерки за заштита од Ковид-19
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кичево, 13 јуни 2020 (МИА) – Со цел подигнување на совеста кај граѓаните за потребата од доследна примена на мерките за заштита од вирусот Ковид-19, денеска ОВР Кичево реализираше превентивна кампања за целосно почитување на препорачаните безбедносни мерки и протоколи за заштита од коронавирусот, информираа портпаролот Стефан Димоски.

Тој објасни дека во рамките на превентивните мерки, претставници на оделенијата за превенција во соработка со волонтери на Црвениот крст, на граѓаните им поделија заштитни повеќенаменски маски, заштитни ракавици и пригоден флаер-пропаганден материјал со препорачаните совети и препораки за заштита.

-На овој начин, полициските службеници покажаа грижа за јавното здравје и јакнење на партнерството со граѓаните во примена на мерките и препораките за целосна заштита и справување на заканите од вирусот Ковид-19, додаде Димоски. рз/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ограбена аптека на Бит пазар

Младо момче тешко повредено откако излетало од коловоз во скопско Ново село

Манасиевски: Мали Фрчко – новото лице на Филипче, кадар на уништениот систем