Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Оваа недела почнува испораката на жито од Украина, во тек се последните подготовки

300x250 opst2

Првите количества украинско жито би можеле да бидат натоварени на бродовите оваа недела, а потоа ќе почне извозот, објави неименуван турски претставник.

dobivaj vesti na viber

„ Нема да поминат повеќе од неколку дена. Се чини дека првите зрна ќе бидат натоварени оваа недела и ќе се изврши извоз од Украина – пренесува ‘Ројтерс’“, повикувајќи се на турски претставник.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Андреј Руденко, потврди дека првите бродови со украински житарки наскоро би можеле да запловат кон Црното Море.

Сепак, тој предупреди дека договорот за деблокирање на извозот на украинското жито, постигнат со посредство на Турција, може да пропадне доколку наскоро не се отстранат пречките за извоз на руски земјоделски производи, пренесува „Ројтерс“.

„ Судејќи според она што го велат нашите колеги од Турција, каде што е сместен (заедничкиот) координативен центар, се очекува во блиска иднина да започнат испораките, барем од Украина“ изјави Руденко за новинарите, пренесува РИА Новости.

Руденко изрази надеж дека договорот за жито ќе опстане, пренесува „Интерфакс“.

Украинската морнарица денеска соопшти дека во пристаништата на Црното Море се водат подготовки за извоз на украинско жито во согласност со договорот од Истанбул.

Можете да прочитате

Талибанците забранија 679 академски книги и учебници

Неколку арапски држави предлагаат измени на планот на Трамп за завршување на војната во Појасот Газа

Италијанската полиција уапсила Албанец со над 27 килограми кокаин