Утрински Весник
Економија

Објавен повикот за поднесување барање за утврдување статус на стратешки инвестициски проект

Објавен повикот за поднесување барање за утврдување статус на стратешки инвестициски проект
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 2 мај 2020 (МИА) – Владата денеска соопшти дека е објавен јавниот повик за поднесување барање за утврдување статус на стратешки инвестициски проект, согласно Законот за стратешки инвестиции.
-Од Законот за стратешки инвестиции произлегуваат критериумите, условите и постапката за пријавување, утврдување на статус, избор, подготовка и реализација на инвестициски проекти од највисок стратешки приоритет за државата и има за цел да поттикнува, привлекува и создава услови за спроведување на стратешките инвестиции во земјава, зголемување на економски раст, вработување и примена на нови технологии и иновации, зголемување на конкурентските економски можности на државата, зголемување на извозот, намалување на трговскиот дефицит и подобрување на добросостојбата и условите за живеење на граѓаните, соопшти Владата.
За стратешки инвестициски проекти, како што информира Владата, се сметаат инвестиции во висина од најмалку 100 милиони евра на територија на најмалку две или повеќе општини, инвестиции од најмалку 50 милиони евра во општините со седиште во град, општините во градот Скопје и инвестициски проекти од најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село.
Јавниот повик е објавен на веб страницата на Владата, а ќе биде објавен во Службен весник на Република Северна Македонија и во најмалку три реномирани меѓународни економски списанија.
Јавниот повик за поднесување барање за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект, на веб страницата на Владата е на следниот линк.бт/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра