Утрински Весник
Свет

Објавен идентитетот на напаѓачот од Ливерпул

Објавен идентитетот на напаѓачот од Ливерпул

Полицијата го именува човекот што загина во експлозијата пред болницата во Ливерпул и изјави дека се работи за 32-годишниот Емад ал-Свелмин, пишува Би-би-си.

Претходно, властите ја квалификуваа вчерашната експлозија во такси како терористички напад.

Во експлозијата загина патникот во таксито што носел импровизирана експлозивна направа. Повреден е и таксистот, кој е прогласен за херој бидејќи успеал да го заклучи патникот во возилото.

Таксистот Дејвид Пери успеал да побегне пред експлозијата, а властите нагласија дека во крајно напнатата и опасна ситуација тој постапил со неверојатна храброст.

Пери е пуштен од болница и сега закрепнува дома, пишува „Скај њуз“.

Полицијата во врска со инцидентот уапсила уште четворица мажи на возраст од 29, 26, 21 и 20 години.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија