Утрински Весник
Култура

Објавен зборникот „Литературно шаренило на Балканот“

Објавен е зборникот „Литературно шаренило на Балканот“, каде како главни уреднички се потпишани Марина Мијаковска и Алмира Папиќ.

Станува збор за мултикултурен зборник како синтеза на поетските рефлексивни творби на поетите што живеат и творат во Македонија, а се припадници на различните националности како мнозинство.

„Идејата за да се создаде ваков мултикултурен проект беше поттикната од нашето македонско општество кое е пред сè мултиетничко шаренило“, вели Мијаковска во соопштение за зборникот.

Овој зборник со поезија е резултат на шестгодишниот фестивал на поезијата насловен „Balkansko veče poezije”, а што секоја година се одржува на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик (21 февруари) во Скопје, а во организација на Младинската културна асоцијација на Бошњаците -„Шадрван“.

Книгата е поетски дијалог помеѓу поетите кои се со различен национален идентитет и говорат и творат на различни јазици, а живеат во иста татковина.

Во „Литературно шаренило на Балканот“ се застапени триесет и шест поети со по една песна на мајчин јазик и на македонски јазик: Ферид Мухиќ, Борче Панов, Ерол Туфан, Марина Мијаковска, Делвина Крлуку, Љерка Тот Наумова, Алмира Папиќ, Рабије Рашид, Ирена Јурчева, Пунторие Муча-Зиба, Славица Дабевска-Ќировска, Димо Н. Димчев, Ленче Милошевска, Лира Бојку, Оливера Доцевска, Адем Абдулаху, Стојан Арсиќ, Берзат Садики, Славчо Ковилоски, Сеида Бегановиќ, Александра Велинова, Севдија Абдулова Демирова, Авдулах Рамчиловиќ, Филип Димкоски, Дајана Демири, Даниела Андоновска-Трајковска, Лејла Шериф Емин, Ванѓа Михајлова Штерјова, Аго Хаурдиќ, Сезен Сејфула, Биљана Кукунешоска, Десанка Цамиќ, Мехмед Ариф, Каљош Челику, Џемаил Ибраим и Далибор Плечиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“