Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Објавени се резултатите од конкурсот за сместување во ученички домови

Објавени се резултатите од конкурсот за сместување во ученички домови
300x250 opst2

Oбјавени се резултатите од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови за учебната 2021/2022 година, a можат да се погледнат на следниот линк.

Примените ученици можат да се сместат во соодветниот ученички дом почнувајќи од 31 август.

При сместувањето, учениците, раководствата и вработените во домовите задолжително да се водат согласно насоките наведени во Протоколот за постапување при сместување на ученици во Јавните ученички домови во Република Северна Македонија во учебната 2021/2022 година.

Кандидатите чии апликации не се прифатени, во следните три работни дена имаат можност за приговор кој се доставува до Министерството за образование и наука (ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр. 54, 1000 Скопје).

Согласно конкурсот кој беше објавен за оваа намена, право на сместување во ученички дом имаат учениците кои ги исполнуваат следните услови: да се запишани како редовни ученици во средното образование во учебната 2021/2022 година; да се државјани на Република Северна Македонија; да се запишани на наставен план и програми кои не се застапени во општината, односно градот Скопје каде ученикот има постојано место на живеење; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 25 километри од постојаното место на живеење и да има организирано јавен превоз; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 10 километри од постојаното место на живеење и нема организирано јавен превоз.

Оваа година учениците за прв пат имаа избор да аплицираат за сместување во ученички дом електронски со пополнување на електронска пријава и прикачување на соодветната документација, или со достава на потребната конкурсна документација директно во ученичкиот дом

Можете да прочитате

„Не ја политизирајте случката, нема политичко непријателство“ – Доктор Шаини проговори по нападот

Каранфилова-Пановска: СДСМ и Методија Куновски имаат јасна програма за унапредување на културниот живот во Битола

Изградил објект без одобрение и узурпирал дворно место во Национален парк Шар Планина – тетовчанец кривично ќе одговара