Утрински Весник
Свет

Објавени нови сателитски снимки: „Русите прават масовни гробици во Мариупол“

Објавени нови сателитски снимки: „Русите прават масовни гробици во Мариупол“

Компанијата „Максар“ објави нови сателитски снимки на кои наведува дека е прикажана голема масовна гробница во близина на опколениот украински град Мариупол.

Американската компанија соопшти дека повеќе од 200 нови гробници се појавиле на местото во последните недели, додека руските трупи продолжуваат да го бомбардираат регионот. Во горниот дел на сликата се гледаат ископувањата за кои станува збор.

„Максар“ вели дека прегледот на сликите од средината на март до средината на април покажува дека проширувањето започнало помеѓу 23 и 26 март.

Местото на ископување е во близина на постоечките гробишта во селото Манхуш, 20 километри западно од Мариупол.

Русите денеска објавија дека го контролираат Мариупол, со исклучок на комплексот на фабриката за челик „Азовстал“.

Утрово рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наредил руската армија да ги откаже плановите за напад на „Азовстал“, каде што се лоцирани преостанатите украински војници во Мариупол.

Наместо да нападне, Путин наредил челичарницата да се блокира на тој начин што „ни мува не може да излезе“.

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка