Утрински Весник
Свет

Објавена сателитска снимка на руски војници во близина на реакторот

Русија веројатно е подготвена да ја искористи секоја украинска воена активност во близина на нуклеарната централа Запорожје за пропагандни цели, објави денеска британската разузнавачка служба, а пренесува „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

Додека Русија ја држи под контрола украинската нуклеарна централа, главните ризици за нејзината работа остануваат можни нарушувања на системот за ладење на реакторот, оштетување на неговото резервно напојување или грешки од страна на вработените кои работат под притисок, се вели во најновиот извештај на Министерството за одбрана на Велика Британија.

Министерството соопшти дека според снимките од 21 август, забележливо е дека Русија одржува зголемено воено присуство на локацијата, со оклопни транспортери распоредени на 60 метри од реакторот број пет.

Британските разузнавачи наведуваат и дека руските војници се обидуваат да го прикријат присуството на овие возила, пренесува британскиот весник.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш вчера ги повика експертите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) што е можно поскоро да ја посетат нуклеарната централа Запорожје.

Гутереш изрази сериозна загриженост за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина