Утрински Весник
Култура

Објавена книгата за деца „Доцна вечера за госпоѓа Фиби“ од Ѓорѓе Писарев

Објавена книгата за деца „Доцна вечера за госпоѓа Фиби“ од Ѓорѓе Писарев

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат илустрираната книга за деца „Доцна вечера за госпоѓа Фиби“, од српскиот писател Ѓорѓе Писарев.

Илустрациите се на Настасја Писарев, ќерка на авторот. Делото на македонски го преведе Ненад Баткоски, а објавувањето го помогна српското Министерство за култура.

„Каков е светот виден со очите на едно маче и на едно мачорче? Можат ли животите на мачињата да нè понесат…

… Прво Настасја доведе дома маче. Фибислав. Не бев воодушевен, ама немав избор. Што да правиш со мачето, сигурно нема да го фрлиш? Потоа, по некое време, Фибислав рече ‘мјау’, а Настасја ми рече дека бара да биде нацртан. И тој и неговиот живот…

Настасја ладнокрвно ми соопшти дека мачорот сега бара и приказна. За својот живот. Како ли се пишува биографија за маче, се прашував…“

Ова е дел од најавата за делото од самиот автор во која кажува како настанала оваа детска книга, во издание на „Агора“ од Зрењанин.

Ѓорѓе Писарев е роден 1957 година. Тој е познат прозаист и објавил повеќе од 20 книги за деца и возрасни.

Книгата „Доцна вечера за госпоѓа Фиби“ е прва книга од серијата Девет мачешки животи. Пишувана е за деца, ама и „за возрасни што не заборавиле кога биле деца.“

Текстот Објавена книгата за деца „Доцна вечера за госпоѓа Фиби“ од Ѓорѓе Писарев е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“