Утрински Весник
Македонија

Обудсманот сериозно ги следи мерките на Владата по однос на КОВИД-19

Порака на Народниот правобранител по повод 10 Декември – Денот на човековите права

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Канцеларијата на Народниот правобранител будно и сериозно ја следи секоја мерка усвоена од Владата на Република Северна Македонија по однос на превенцијата на ширењето на вирусот КОВИД-19, вели омбудсманот Иџет Мемети во интервјуто за МИА, кое ќе биде објавено утре. Додава дека ограничувањата се со ограничено времетраење и сразмерно на опасноста од ширење на вирусот цени дека нема место за нивна реакција.

– Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата, но и потребата од континуирано следење на состојбите со човековите права, донесов План за работа во услови на вонредна состојба, истиот е исто така објавен на нашата веб страница, при што секој граѓанин, како и досега непречено може да се обрати за каква било помош и совет, по електронски пат или преку телефон, вели Мемети.

Воедно, омбудсманот Мемети, во интервјуто за МИА одговара и на прашањата за Извештајот за степенот на почитување на човековите слободи и права за изминатата 2019, односот за бројот на претставки, за состојбата во судството и казненните установи, како и за постапувањата на институциите за препораките упатени од оваа институција. оџ/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија