Утрински Весник
Македонија

ОБСЕ/ОДИХР ги почна подготовките за мониторинг на изборите на 5 јули

ОБСЕ: Поддржувачите на политичките партии да се воздржат од навредливи содржини врз која било основа

Скопје, 14 јуни 2020 (МИА) – ОБСЕ/ОДИХР ќе испрати специјална мисија во Република Северна Македонија по покана од македонската Влада за следење на изборите на 5 јули. ОБСЕ/ОДИХР објави конкурс за ангажирање експерти од различни области кои треба да го следат изборниот процес, се наведува во соопштението објавено денеска на веб страницата на организацијата.

Меѓународните набљудувачи се очекуваат во земјата по 19 јуни.

– По официјалната покана да се набљудуваат предвремените парламентарни избори во Северна Македонија на 5 јули и во согласност со својот мандат, ОДИХР се подготвува да испрати специјална мисија за проценка на изборите. Во отворениот конкурс, кој завршува на 16 јуни, ОДИХР бара шеф на мисијата на Северна Македонија и негов заменик, политички и изборен аналитичар, како и аналитичар за регистрација на гласачи, правен и медиумски советник. Мисијата ќе биде во траење од три недели, а сите кандидати треба да бидат на располагање за извршување на задачите од 19 јуни, стои во соопштението. рп/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Хаос на патарини и гранични премини

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари работна средба со новиот генерален директор на АД МЕПСО, Бурим Љатифи. 

Хаос во дискотека во Охрид – масовни тепачки меѓу малолетници имало и повредени