Утрински Весник
Свет

О’Брајан : САД се загрижени за состојбата на Навални

О’Брајан : САД се загрижени за состојбата на Навални

Роберт О’Брајан, кој е советник за национална безбедност на Белата куќа, изјави дека американските власти се многу загрижени за состојбата со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој се наоѓа во одделот за интензивна нега во болницата во Омск.

О’Брајан вели дека е многу загрижувачко доколку Русија стои зад ова. Вели дека односот на САД кон Русија во иднина ќе зависи токму од тоа.

„Тој е многу храбар човек и нашите молби се со него и семејството“, рече О’Брајан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украина за прв пат го нападна рускиот град Екатеринбург

Маѓар ќе ја проверува финансиската поддршка што Орбан ја давал за Унгарците во Србија

Двајца агенти на ЦИА убиени во Мексико, едниот влегол како турист, другиот како дипломат