Лондон, 3 март 2020 (/) – Обожаватели на серијалот „Џејмс Бонд“ во отворено писмо побараа одложување на првото прикажување на новиот филм „Не е време за умирање“ (No Time To Die). Причината е стравот од новиот коронавирус.
Европската, односно лондонската премиера е закажана за 31 март, а американската – за 10 април. По тој повод, обожавателската страница „MI6-HQ“ објави јавен повик студијата МГМ и Јуниверзал да го одложат прикажувањето на филмот.
„Време е филмските судија да го стават јавното здравје пред маркетинг-термините и тоа – колку откажувањето ќе чини“, се вели во написот.
Државите што се најмногу погодени од коронавирусот, веќе воведуваат забрана за јавни собири на поголеми групи луѓе. Италија и Кина на пр., ги затворија кината во своите црвени зони обележани поради вирусот. си/сд/