Утрински Весник
Македонија

Обновено детското игралиште во Козле

Обновено детското игралиште во Козле

Скопје, 13 јуни 2020 (МИА) – Направена е целосна реконструкција на детското игралиште во Козле, меѓу кулите на улица „Јуриј Гагарин“ (бр. 52 – 56). Поставени се нови реквизити за рекреација на најмладите, како и заштитна ограда, со што се доби уредена зона која младите ќе ја користат и во текот на летниот распуст.

Општина Карпош соопшти дека игралиштето е обновено по иницијатива на д-р Ѓорѓи Паскалов (педијатар), кој во овој реон има здравствена ординација, која ја посетуваат голем број на дечиња со своите родители.

Градоначалникот Стефан Богоев вели дека ова претставува позитивен пример за успешно партнерство меѓу карпошани и локалната самоуправа.

Примарната цел на општината е да развива вакви маалски зони за рекреација на граѓаните. Затоа, изминатиов период се фокусиравме на изведба на нови или реконструкција на постоечките детски игралишта во населбите, а се работи и на нови тревници и системи за наводнување, наведуваат од Општина Карпош.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се претставувал како лекар – Македонец обвинет за телефонски измами во Хрватска

Кривична за поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево, незаконски ги зголемувал платите на вработените

Момче од Седларево почина по добиени повреди при сеча на дрва во дебарско село