Утрински Весник
Економија

Обложувалниците, автомат клубовите и казината ќе можат да работат онлајн

Онлајн обложувањето на владина седница

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Економските оператори што организираат игри на среќа ќе можат онлајн (преку интернет) да ја продолжат својата дејност, со што се создаваат услови да се сочуваат 7.500 работни места.

Тоа го предвидува Уредбата со законска сила што денеска ја донесе Владата за примена на Законот за игри на среќа и забавните игри за време на вонредна состојба.

Со оваа уредба се обезбедува можност за наплата на приходи во Буџетот кои до донесувањето на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, се генерираа од обложувалниците, автомат клубовите и казината и кои престанаа да се наплатуваат бидејќи на 15 март 2020 година приредувачите на овие услуги ги затворија сите уплатно исплатни места и деловни простории во кои ги приредуваат игрите на среќа.

Владата на седницата ја разгледа и усвои Информацијата со предлог за усогласување со Привремената рамка на Европската комисија за мерки за државна помош за поддршка на економијата за време на појавата на КОВИД-19. ац/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија