Утрински Весник
Македонија

Облачно со повремен дожд, на планините снег

Облачно со дожд, температурите над нула

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура, како што информираат од УХМР,  ќе се движи од минус два до шест степени, а дневната температура од два до 11 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.  Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до осум степени.

Утре ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Во недела и понеделник ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура. дма/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: ОЈО и Савевски ја ставија тајноста на истрагата над здравјето на граѓаните

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија на земјава

МВР: Полицијата е на терен по невремето, во Скопје евидентирани 117 оштетени возила и 10 повредени лица