Утрински Весник
Македонија

Облачно со повремен дожд, а на планините снег

Облачно со повремен дожд, а на планините снег
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 28 февраури 2020 (МИА) – Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час и на планините ќе услови појава на снежни наноси.

Утринската температура ќе се движи од минус два до два степени, а дневната температура од едендо 14 степени.

Во Скопје  ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час.

Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната температура до 11 степени. сст/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје

Државниот инспекторат за животна средина во 2025 година направил 1373 инспекции