Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Облачно со дожд и температура до 12 степени

УХМР: Поројни дождови во Струмичко и во Берово
Img 7972

Скопје, 9 март 2020 (МИА) – Времето ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 степени до 6 степени, а дневната од 4 до 12 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 10 степени.

Од УХМР посочуваат дека од утре во текот на денот ќе настапи стабилизација на временската состојба, а од задутре ќе има и значителен пораст на дневната температура. рп/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонската вештачка интелигенција ќе се вика Везилка

Ужас Во Пехчево: Силувана малолетничка со здравствени проблеми

Мицкоски вели дека Кузмановски имал човечки момент на слабост