Утрински Весник
Македонија

Облачно со врнежи од дожд и температура до 22 степени

Променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во источните делови ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Од четврток попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ТДП реагира на лидерската средба: Власта го заборава мултиетничкиот карактер на државата

Замрзната имиграцијата кон САД од Македонија и уште 74 земји

СДСМ: САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија