Утрински Весник
Македонија

Облачно и магловито утро, попладне разведрување

Облачно и магловито утро, попладне разведрување

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла и значителна ниска облачност.

Утринската температура ќе се движи од -3 до 2, а дневната од 12 до 17 степени. Во Скопје, претпладне со појава на магла и ниска облачност, преку денот со умерена облачност.

Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со променлива облачност преку денот, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Утринските температури до недела на повеќе места ќе бидат околу нула.

Во понеделник претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните