Утрински Весник
Македонија

Облачно и магливо со температура до 18 степени

Облачно и магливо со температура до 18 степени

Претпладне ќе има умерена до значителна облачност, а по котлините ќе биде магливо. Околу пладне и попладне облачноста ќе се намали, а маглата ќе ослабе. Во западните делови и во повисоките планински подрачја претежно сончево преку целиот ден. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде магливо и со значителна ниска облачност, која околу пладне и попладне ќе се намали. Максималната температура ќе достигне 13 степени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајдено оружје при претрес во тетовско, лишени од слобода две лица, едниот на интернет се заканувал дека ќе изврши масовно убиство 

Македонија првпат доби екстрадиција од Дубаи – осуденик вратен во земјата

Сообраќајот на патот Виница – Берово е во целосен прекин поради протест