Утрински Весник
Македонија

Облачно и дождливо со температура до 26 степени

Времето ќе биде облачно, со услови за дожд и град

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни проследени со грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен јужен ветер. Попладне во делови од Скопската котлина ќе има услови за повремен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во вторник ќе преовладува променливо облачно време. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда следува стабилизирање на времето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Исплатени над 340 милиони денари субвенции за обележани грла говеда

„Филипче е срам за Македонија, наместо да ја кодоши државата, треба да биде во линија со националните интереси“, вели Петрушевски

Викендов почнува „Скопско лето“: На 21 јуни два исклучителни културни настани што го навестуваат богатството на целосната фестивалска програма