Утрински Весник
Македонија

Облачно и дождливо со температура до 14 степени

Променливо облачно со пороен дожд и грмежи

Претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието претпладне засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје во раните претпладневни часови ќе има слаби врнежи од дожд, а потоа облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија