Утрински Весник
Македонија

Облачно и дождливо, на планините снег

Времето утре ќе биде сончево со температура до 36 степени
Dik 300x250 mk

Времето денеска претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат нови над 20 л/м2. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег од кои ќе има дополнителна снежна покривка. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и од изутрина со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 10 степени.
 
Во следните денови ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. До понеделник врнежите повремено ќе бидат поројни и најобилни во западните делови каде дневните количества на воден талог понекаде ќе надминуваат 20 л/м2. Во западните делови и особено на северозападот на планините ќе врне снег и значително ќе се зголеми снежната покривка. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места особено на северот од вечерните часови во сабота и преку ноќта.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат