Утрински Весник
Македонија

Облачно време со температура до 17 степени

Облачно време со температура до 17 степени

Времето ќе биде умерено до значително облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од југозапад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, во горниот тек на Повардарието северен, а во јужните делови источен и југоисточен ветер, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната од 11 до 17 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 15 степени.

Под влијание на влажна воздушна маса од утре кон крајот на денот и во наредните денови следува период на пооблачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Најоблачно и најврнежливо ќе биде в сабота и в понеделник, кога на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи..

Можете да прочитате

Водно без вода – жители во очај и гнев: „Рестрикции, а 40 степени надвор!“

Вечерва избувна голем пожар и кај Македонски Брод, за сега никој не интервенира

Кукуновски за 24 Инфо: Граѓаните од Чучер Сандево сами го спасија манастирот од пожарот