Утрински Весник
Македонија

Облачно време со снежни врнежи

Облачно време со снежни врнежи

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи претежно од снег, вдолж Повардарието од дожд и снег. Пообилни врнежите ќе бидат во претпладневните часови. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд и снег. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 4 степени.

Од утре ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени врнежи претежно од снег, а вдолж Повардарието од дожд и снег. Од вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се задржат значително под просекот за овој период од годината.

Можете да прочитате

Маж од Гостивар демнел 15-годишно девојче

Соработката со Словачка тема на средбата на Савески со Хрицова

Савески и Палминтери на средба за зајакнување на соработката во владеењето на правото