Утрински Весник
Македонија

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд. На средината на денот со услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североиисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Од среда дневната температура ќе биде во пораст, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата