Утрински Весник
Македонија

Литванскиот шеф на дипломатијата доаѓа во Македонија на средби со државниот врв

Министерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис, денеска ќе престојува во работна посета на земјава.

Од МНР информираа дека во рамки на посетата предвидена е средба со неговиот домаќин, министерот, Бујар Османи, а во фокусот на разговорите ќе биде евроинтегративниот процес на нашата земја и конкретната литванска поддршка на тој план, регионалната соработка, безбедносните прашања во светло на руската агресија врз Украина, како и подготовките за НАТО Самитот во Мадрид.

Потоа, литванскиот министер ќе се сретне и со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски.

Можете да прочитате

Полициска акција во Скопје – пронајдени пет килограми марихуана кај татко и син

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница

Претседателот на опозициската турска партија му честиташе на Зејнула за министерската функција