Утрински Весник
Спорт

Облак: Не размислувам за „Златната топка“ и се надевам дека Атлетико ќе ја освои Лигата на шампиони

Симеоне: Облак е најдобриот голман на светот, тој е како Меси во Барса

Мадрид, 7 јуни 2020 (МИА) – Голманот на Атлетико, Јан Облак ги сподели своите размислувања за двете вредни награди, „Златната топка“ и трофејот во Лигата на шампионите.

– Никогаш не размислував за „Златната топка“. Тренирам, играм и се обидувам да напредувам. Другото зависи од тие што гласаат. Исто така, не се грижам ниту за наградата која се доделува на најдобриот голман на Ла Лига. Единствено што ме мачи е влегувањето во Лигата на шампионите следната година и да се заврши сезоната каде што сакаме, изјави Облак.

Ова е необична сезона. Никој не го очекуваше ова. Драго ни е што имавме можност повторно да тренираме. Пред неколку месеци имаше сомнежи, а сега тренираме целиот тим. Фудбалот нема да биде ист без навивачите на стадионите, но важно е сезоната да ја завршиме што е можно подобро за да ги заземеме посакуваните позиции во првенството и да одиме што е можно повеќе во елитното натпреварување. Се надевам дека можеме да ја освоиме Лигата на шампионите, додаде словенечкиот репрезентативец и член на Атлетико. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига