Утрински Весник
Свет

Обезбедени 103 сведоци против Тачи и групата од ОВК

Обезбедени 103 сведоци против Тачи и групата од ОВК

Специјализираното обвинителство на Косово со седиште во Хаг го извести судот дека има неколку изјави на 103 сведоци против Хашим Тачи и другите членови на Генералштабот на ОВК. Се тврди дека обвинението се темели на нивните сведоштва, меѓу другите докази.

Во пресрет на статусната конференција што ќе се одржи денеска, обвинителството посочи дека има 1.842 докази против нив, што ќе ги презентира за време на претстојното судење на Тачи и другите.

Покрај 103 сведоци, обвинителството наведува дека уште 50-ина можат да сведочат во овој процес и забележува дека за време на судењето, тие би можеле да пронајдат и повеќе докази во зависност од текот на истрагата.Обвинителството исто така има повеќе од 40.000 страници докази, извештаи, фотографии, повеќе од 20 часа аудио материјал.

Покрај Тачи, за обвинението на Специјализираниот обвинител се и Јакуп Красниќи, Кадри Весељи и Реџеп Селими.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд