Утрински Весник
Македонија

Обезбедени средства за решавање на проблемот со недостиг од вода за пиење за жителите од улица „Прохор Пчињски“ во Берово

Обезбедени средства за решавање на проблемот со недостиг од вода за пиење за жителите од улица „Прохор Пчињски“ во Берово

Берово, 8 јуни 2020 (МИА) – На повидок е решавање на проблемот кој долги години ги мачеше жителите на улицата „Прохор Пчињски“ во Берово. Според најавите на градоначлникот Звонко Пекевски обезбедени се средства за изградба на потребната инфраструктура за обезбедување вода за пиење за жителите од оваа улица.

– Годинава со поддршка на Советот на Европа и учество од буџетот на општината, предвидено е изградба на цевковод и водоводна линија во должина од 550 метри и изградба на пумпна станица на улицата „Прохор Пчињски“. Средствата за реализација на овој значаен проект, се во износ од 958 илјада денари и сметаме дека ќе бидат доволни за жителите од овој дел на градот да добијат вода за пиење, што беше главен проблем во изминатите години, рече Пекевски.

Тој додаде дека претходно со средства обезбедени од Владата се реши и проблемот со патното поврзување на овој дел од градот.

– Улицата „Прохор Пчињски“ беше изградена со средства обезбедени преку кабинетот на министерот без ресор Музафер Бајрам, преку Министерството за транспорт и врски. Со нејзината изградба беше решен деценискиот проблем со газењето кал за жителите од оваа улица, додаде Пекевски.

За оваа година, како што додадоа од Општината, најавена е изградба и на вториот крак од оваа улица, со што, како што додаваат, и жителите од највисоките места во градот ќе добијат подобрен пристап до центарот на градот. вс/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје: Едно лице загина, сообраќајот пренасочен

Паника во автобус кај Велес: Патниците скршиле прозорци за да избегаат по појава на чад

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ