Утрински Весник
Економија

Обезбедени дополнителни количини струја и топлинска енергија, АД ТЕ-ТО ќе работи по 20 часа на ден

Обезбедени дополнителни количини струја и топлинска енергија, АД ТЕ-ТО ќе работи по 20 часа на ден
300x250 (7)

На денешната седница, Владата донесе Одлука за преземање на мерка за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија во услови на кризна состојба.

Со оваа одлука се предвидува дополнителните количини на електрична енергија да се обезбедат од домашно производство, односно од ТЕ-ТО АД Скопје.

Ss1

„Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ќе работи седум дена во неделата во периодот од 5 часот наутро до 1 часот по полноќ со полна моќност, односно ќе го исполнува максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати“, се наведува во соопштението за владината одлука која стапува во сила денеска и ќе важи до крајот на месецот.

Во него се додава дека оваа дополнително произведена количина електрична енергија ќе ја откупува АД ЕСМ со сопствени средства.

„Со преземањето на дополнителните количини електрична енергија ќе се обезбеди производство и на топлинска енергија за регулираниот дистрибутер на топлинска енергија со што ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економски исплатливо снабдување со парно греење на потрошувачите во Град Скопје и во исто време, при постоење на кризна состојба во снабдување со електрична енергија, ќе се овозможи да се заштедат природните ресурси кои АД ЕСМ ги користи за производство на електрична енергија“, посочуваат од Владата.

Ss1

Можете да прочитате

Доделување грантови од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање