Утрински Весник
Македонија

Обвинителството ќе го проверува предизборното рекламирање на политичките партии

Јавното обвинителство ќе поднесе жалба по пресудата за сообраќајката кај „Млечен“

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде наредба за проверка на фирми што во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање.

Како што се наведува во соопштението, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави Известување според кое постои сомневање дека политичките партии за време на предизборниот период платиле политичко рекламирање на интернет портали што биле непосредно отворени и со мала посетеност.

Во насока на утврдување на наводите од Известувањето, во текот на утрово во координација со обвинителството, Министерството за внатрешни работи спроведе акција при што е одземена документација од три фирми кои ги основале предметните портали, а ќе се прибираат и докази од други релевантни институции.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јајца за Велигден може да снема – набавете си на време

СДСМ: ДПМНЕ да ја праша Јаневска колку го појача профитот на Пуцко Петрол со тендерите од Министерство?

Вчера на територија на цела држава изречени 807 казни за сообраќајни прекршоци