Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Обвинителството на Бреша го прогласи Балотели за невин во случајот силување на малолетничка

Претседателот на Бреша предизвика расистички скандал со реплика на адреса на Балотели
Img 7972

Бреша, 26 март 2020 (МИА) – Канцеларијата на обвинителството во Ломбардија не најде кривично дело во постапките на 29-годишниот напаѓач на Бреша Марио Балотели, во случајот силување на малолетна девојка, објави „Спорт Медијасет“.

Додека настапуваше за Ница, напаѓачот се сретна со малолетна девојка која го увери фудбалерот дека веќе има 18 години (иако била на возраст меѓу 16 и 17 години). Откако стапи во врска со Марио, таа започна да го уценува. Девојката бараше 100 илјади евра во замена за да не го пријави во полиција за сексуално насилство.

Полицијата ги потврди овие факти за уцените. Девојчето ќе биде обвинето за клевета и изнуда. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025