Утрински Весник
Македонија

Обвинителството во Тетово поднесе предлози за парични казни за пет лица

Обвинителството во Тетово поднесе предлози за парични казни за пет лица

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Обвинителството во Тетово поднесе предлози за парични казни за пет лица, соопштија од ОЈО Тетово.

– Обвинетите во одделни кривично правни настани на 13 и 14 април 2020 година, не ја почитувале Одлуката на Владата на Република Северна Македонија со која се забранува движење на населението на територијата на државата, а во насока на спречување на натамошно ширење на пандемијата, информираат од Обвинителство.

Заради стореното кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози за секој од обвинетите со кои предложи на судот да им изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби.​ оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато