Утрински Весник
Македонија

Обвинителката очекува Зеќири да оди во притвор

Обвинителката очекува Зеќири да оди во притвор
Dik 300x250 mk

Обвинителката Катерина Коларевиќ останува на предлогот да се одреди притвор за Мухамед Зеќири и додава дека очекува да е прифатен. Таа нема докази, но има сомнежи дека тој може да биде недостапен за органите на прогонот. Коларевиќ, водејќи се од информациите на полицијата, вели дека хрватските државјани кои се исто осомничени, не се во Македонија.

„Во овој момент, доказ во формална смисла дека ќе бега, немаме. Сомнеж-да. Тоа се оперативни сознанија, кои се изнесени, а доколку судот ги прифати ќе ви бидат соопштени“, рече Коларевиќ.

Обвинителката не можеше да каже каде се парите додавајќи: „Истрагата е почната вчера, сето тоа што е обезбедено како документација се од предистражна постапка. Не можам да кажам дали се потрошени или не, како и дали се извадени од државата. Си има Управа за финансиско разузнавање која се обидува да го утврди трагот како се движеле парите. Кога ќе имаме доказ, ќе информираме“.

За лицата кои не се во Македонија ќе се обезбедат со потерници.

„Од МВР имаме информации дека ја имаат напуштено Р.С. Македонија, но судот до нив има доставено наредба за приведување. Дури откако ќе добие официјален податок по наредбата, ќе има докааз дали се тука или не“, додаде таа.

Зошто вчера биле побарани мерките, а се одлучува вечерва – таа рече дека треба Кривичен сам да одговори на прашањето.

„Тој не ја прифаќа мерката“, рече Коларевиќ по што додаде дека не биле користени ПИ-мерки при предистрагата.

Не сакаше да коментира дали Зеќири имал можност да влијае.

„Согласно доказите досега, не може истрагата да се прошири. Но истрагата е сега почната не знам што може да произлезе како доказ“, додаде обвинителката.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош