Утрински Весник
Македонија

Обвинение против десет лица за непочитување на здравствените прописи во Струга​

Нивото на Црн Дим пет пати пониско од просекот
300x250 (7)

Струга, 3 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот Суд поднесе предлози за издавање казнени налози против десет лица, обвинети за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– За сите обвинети, струшкото Обвинителство му предложи на судот да им изрече парични казни, со определување на  висината на паричните казни  на по 100 дневни глоби, секоја од нив со вредност од по 30 евра во денарска противвредност, стои во соопштението до ОЈО.

Ss1

Обвинетите во одделни настани не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час се движеле пеш или со возила низ Струга и околината. аа/сп/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Мицкоски и ДПМНЕ играат опасна игра која ќе стави крај на европската, но и демократската перспектива на земјата

Скандалозна порака на владиката Петар: Внимавајте за кого ќе гласате

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски дома (фото)