Утрински Весник
Македонија

Обвинение против гостиварец кој четири години не плаќал данок на доход

Обвинение против гостиварец кој четири години не плаќал данок на доход
Dik 300x250 mk

Гостиварското Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против едно лице кое се товари за кривично дело – даночно затајување.

Како што информираат од Обвинителството, во периодот од 2014 до 2018 година, обвинетиот одбегнувал плаќање на персоналниот данок на доход.

Во наведениот период остварил приходи од 38.939.778 денари, но истите не ги навел во даночните пријави со што затаил персонален данок на доход во износ од 713.895 денари на штета на државниот буџет.​​

Можете да прочитате

ЗНМ: Осуда за заканите кон новинарот Исмаили

Приведен 49-годинишен тетовец по објавите со закани на социјалните мрежи

Левица: Орце бега од дебата без тутор и наместени прашања