Утрински Весник
Македонија

Обвинение против гостиварец кој со лопата нападнал полицајци

Обвинение против гостиварец кој со лопата нападнал полицајци

Гостиварското јавно обвинителство поднесе обвинение против 49-годишен гостиварец, осомничен за кривично дело – напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

На 4 август, обвинетиот нападнал двајца полициски службеници кои вршеле сообраќајна контрола на магистралниот пат Кичево-Гостивар.

Тој работел како чувар во каменоломот пред кој било паркирано полициското возило за сообраќајна контрола. Додека службените лица имале сопрено возило за проверка, обвинетиот им се приближил и најпрвин започнал вербално да им се заканува и да ги брка.

Полицајците го предупредиле да престане со заканите, дека ќе биде приведен и дека целиот настан го снимаат камерите на нивните униформи.

Во тој момент обвинетиот се обидел да го скине кабелот од службената камера, а потоа зел лопата која била оставена на страна и започнал со неа да замавнува кон полициските службеници.

Тие го совладале и го привеле.​​

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата