Утрински Весник
Македонија

Обвинение за обид за тешка кражба против косовски државјанин

Обвинение за обид за тешка кражба против косовски државјанин

Против триесет и пет годишен државјанин на Република Косово, скопското јавно обвинителство поднесе Обвинителен предлог за кривично дело –Тешка кражба казниво по Кривичниот законик.

На 28 март, обвинетиот насилно го откорнал прозорецот од задната страна и влегол во куќа на улицата „Анте Хаџи Митков“, па од подрумските простории се обидел да одземе предмети, обувки вредни 12.000 денари.

Притоа полициски службеници го забележале и го спречиле во намерата.

Поради опасност од бегство на обвинетиот кој е странски државјанин, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор определена од судијата на претходна постапка, информираат надлежните. ​​

Можете да прочитате

МЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не е удар по угостителството, туку заштита на правото на здраво работно место

Стојаноски: ЈО да постапи по тврдењата на Жан Митрев дека Филипче и Заев сакале да му го земат сопствеништвото врз клиниката

Магла и слаби врнежи од снег кај Плетвар