Утрински Весник
Македонија

Обвинение за жител од гостиварско кај него биле пронајдени пиштол и муниција

Обвинение за жител од гостиварско кај него биле пронајдени пиштол и муниција

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи казниво по Кривичниот законик.

Обвинетиот 53-годишен жител на селото Дебреше, на 8 април годинава, се движел во својата нива во атарот на селото, носејќи огнено оружје во пределот на појасот – пиштол и 12 куршуми со калибар 9мм Para, за кои немал соодветна дозвола за поседување.

Оружјето и муницијата ги пронашле полициски службеници, при личен преглед на обвинетиот.​

Можете да прочитате

МВР го утврди лицето кое упатило закани кон Ландов – ќе следува соодветен поднесок

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

Пет жени убиени секој час од страна на партнер или близок роднина во 2025 година