Утрински Весник
Македонија

Обвинение за дилер од Скопје – хероин и марихуана чувал во спалната соба

Обвинение за дилер од Скопје – хероин и марихуана чувал во спалната соба

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 38-годишен скопјанец поради сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

При претрес извршен од службени лица на 9 декември минатата година, во спалната соба од семејната куќа на обвинетиот биле пронајдени вкупно 16,40 грама хероин спакувана во 16 полиетиленски пакувања, 4,22 грама марихуана спакувана во 3 пакувања и една дигитална вага.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд доставил предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи постои сомнение дека обвинетиот може да побегне, да ја попречува кривичната постапка и да влијае на сведоците, како и страв дека ќе го повтори делото.​

Можете да прочитате

Оделе по невестата, го запреле сообраќајот – МВР ги казни сватовите

Дивеел на едно тркало по Партизанска, немал ни возачка дозвола – заработи две кривични пријави

Дожд, магла и непристапен терен: Успешно спасени двајца странски планинари на Шар Планина