Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

„Обамејанг треба да биде најголемото засилување за Арсенал“

„Обамејанг треба да биде најголемото засилување за Арсенал“
300x250 opst2

Поранешниот напаѓач на Арсенал Ијан Рајт се надева дека Пјер-Емерик Обамејанг ќе го продолжи договорот со клубот. Едно вакво сценарио, според легендарниот напаѓач, ќе го направи Обамејанг најголемото засилување за клубот во преодниот рок.

Обамејанг има договор со Арсенал до наредното лето. Доколку Микел Артета не го убеди да потпише нов договор тогаш клубот ќе мора да го продаде напаѓачот за да заработи од неговиот трансфер.

Габонецот е капитен, најдобра играч и стрелец на Арсенал. Во саботата со неговите два гола „тобџиите“ го освоија 14 трофеј во ФА купот.

„Погледнете го односот на одиграни натпревари и постигнати голови што го има Обамејанг. Замислете го Арсенал без него и ќе видите дека клубот би бил во лоша полоѓба. Обамејанг е централна фигура, фантастичен е, реализира дури и полу-шанси. Тој би требало да биде најголемото засилување за Арсенал ова лето“, рекол Рајт кој за „тобџиите“ настапуваше од 1991 до 1998 година.

Обамејанг за Арсенал има одиграно 109 натпревари, постигнал 70 голови.

> „Обамејанг треба да биде најголемото засилување за Арсенал“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица