Утрински Весник
Спорт

Обамејанг пред трансфер во Челси

Челси тргна по потписот на напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг. Од „Стенфорд Бриџ“, во Каталонија ја испратиле првата понуда за 33. годишниот напаѓач.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува добро информираниот новинар, Жерар Ромеро, Челси понудил 27.000.000 евра за Габонецот. Барса негативно одговориле со цел да ја зголеми сумата за уште 3.000.000 евра, што не треба да претставува пречка за богат клуб каков што е Челси.
Во меѓувреме и Манчестер јунајтед се обидел да влезе во трката за потписот на Обамејанг, но тој решил да се пресели во Челси каде што повторно би работел со својот поранешен тренер од Борусија Дортмунд, Томас Тухел.

Напаѓачот денеска треба да ги договори личните услови со Челзи и да чека финализирање на преговорите меѓу клубовите.

Барселона сака да го растовари буџетот за плати со заминувањето на Обамејанг, откако во клубот пристигна Роберт Левандовски.

Обамејанг дојде во Каталонија како слободен играч од Арсенал на крајот на јануари. Арсенал му плати само за да го раскине договорот, сега Барселона ќе оствари чиста добивка.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина