Утрински Весник
Спорт

Обамејанг нема намера да ја напушти Барселона

Пјер-Емерик Обамејанг одбил да се пресели во Челси. Габонецот решил да остане во Барселона и да се бори за место во тимот.

dobivaj vesti na viber

Челси е во потрага по напаѓач, изборот на Томас Тухел бил Обамејанг, но играчот лично му се јавил на тренерот со кого соработуваше во Борусија Дортмунд и му се заблагодарил на понудата.

Челси за Обамејанг биле подготвени да понудат околу 20.000.000 евра. Според медиумите и тие се „оладиле“ откако Барса им побарале 30.000.000 евра.

Обамејанг смета дека ќе му се наметне на тренерот Чави, бидејќи тој има намера повеќе да го користи на крилната позиција, а не во врвот на нападот.

Дополнително место во тимот ќе му отвори заминувањето на Мемфис Депај во Јувентус.

Можете да прочитате

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале