Утрински Весник
Свет

Обама: Обвинувањата за изборна измама ја поткопуваат демократијата

Обама: Обвинувањата за изборна измама ја поткопуваат демократијата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот американски претседател Барак Обама рече дека високи републиканци ја поткопуваат демократијата со поддршка на неоснованите тврдења на претседателот Доналд Трамп за изборни измами.

Во интервју за „Си-би-ес“, кое ќе се емитува в недела, Обама рече дека избраниот претседател, демократот Џо Бајден, јасно победи на претседателските избори, пренесува „Би-би-си“.

Трамп поднесе неколку тужби, оспорувајќи ги резултатите од изборите на кои сè уште се бројат гласовите.

Обама, демократскиот претходник на Трамп, вели дека обвинувањата се мотивирани од фактот дека претседателот не сака да губи.

„Повеќе сум загрижен за фактот дека и другите републикански функционери, кои сигурно знаат подобро, се согласуваат со тоа. Тоа е уште еден чекор кога делегитимирање не само на претстојната администрација на Бајден туку и на демократијата воопшто, а тоа е опасен пат“, рече Обама.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бурата Јоханес ја погоди Шведска

Силен земјотрес го стресе Тајван

Снежна бура парализира воздушен сообраќај во североисточниот дел на САД