Утрински Весник
Македонија

Нуредини: Употребата на кеси за носење стоки драстично е намалена

Нуредини: Употребата на кеси за носење стоки драстично е намалена

На денешниот брифинг за новинари, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ги информираше медиумите за првичните сознанија за ефектите од воведувањето на мерката за забрана на пуштање на пластични кеси за носење на стоки за еднократна употреба на пазарот во Република Северна Македонија.

„Со цел да бидеме транспарентни, ја споделуваме информацијата за количината на собраните средства од наплатени кеси во тек на месец декември, што изнесува 14, 413 милиoни денари“ изјави Нуредини.

Министерот Нуредини најави структурирање и донесување на Програма за инвестирање со која средствата би се вратиле во услужните дејности од кои сите граѓани би го почуствувале бенефитот. Се размислува, пред се за инвестирање во системот на селекција на отпад со што би им се помогнало на локалната самоуправа и на колективните постапувачи со отпад кои со новите закони имаат обврска да ја воспостават инфраструктурата за селекција.

Одговарајќи на новинарски прашања, во продолжение министерот Нуредини информираше за степенот на реализација на регионалните системи за управување со отпад и за предизвиците, нагласувајќи дека во услови кога веќе е подготвена целата документација и преговарањето за обезбедување на финансиски средства за конкретна изградба на модерните стандардни депонии е во завршна фаза, мора да се здружат силите и неопходните процеси на локално да се завршат, бидејќи секое одлагање и ненавремено решавање на локалните проблеми значи враќање на почеток, губење на средствата, зголемување на проблемот со неконтролираното расфрлање на сметот и ја засега целата државата со сите плански региони.

Можете да прочитате

Повлекувани 4.295 денари на сите граѓани кои купувале онлајн преку маркетите за козметика “ДМ“ или лажна страна

Обвинителството отвори постапка по скандирањата за „Голема Албанија“ и „Илирида“ на натпреварот Шкендија – Карабах

Успешно е спасен параглајдеристот кој висеше на дрво високо над 30 метри (ФОТО)